Детали за земјотресот: Tресењето ги извади Скопјани пред зграда!

Жителите на повеќе скопски населби утринава беа пред своите згради од страв да не се случи уште еден земјотрес.

Земјотресот со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала, кој се случи утринава во 04.08 минути, ги потресе Скопјани. Кусо по тресењето, надвор можеа да се забележат многумина кои излегле од страв да не стресе повторно, пренесе Вест.

- Здрма кратко, но јако. Сега веќе нема спиење. Уплав имам по серијата земјотреси од пред неколку месеци, коментираа Чаирчани. 

Земјотресот бил со епицентар близу главниот град, поточно на 15 километри источно од центарот на градот, или на 4 километри од Арачиново.