Детали за вчерашната сообраќајка во Капиштец, две лица повредени

Две лица се полесно повредени во сообраќајната несреќа која вчера околу 22:15 часот се случи на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

Во несреќата, како што информираат од МВР, учествувале автомобил „Мерцедес“ со скопски ознаки управуван од 26 годишниот скопјанец К.В. и „Пежо“ исто така со скопски регистерски таблички управуван од Ш.Е. (25) од Турција со привремен престој во Македонија.

Во несреќата полесно повредени се возачот на „Пежото“ и сопатникот Д.Ф., исто така од Турција со привремен престој во Македонија.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.