Поранешниот репрезентативец на Македонија и актуелен ракометар на Радовиш, Милан Левов веќе не е во животна опасност и неговата здравствена состојба се подобрува. 

-Возејќи го својот автомобил, Левов излетал од патот и се здобил со повреда на главата. Среќна околност е што немало други сериозни повреди, но поради тоа што му се појавил хематом на главата мораше да се направат дополнителни испитувања, компјутерска томографија на мозокот по што остана во индуцирана вештачка кома. Повредата на главата била посериозна од првичните прогнози, но Левов полека се опоравува, и повеќе не е вклучен на апарати за одржување во живот, објави порталот 24 ракомет.

Милан Левов кариерата ја почна во ВВ Тиквеш, играше за Вардар и Металург, беше член на Охрид, Работнички и Радовиш, а интернационалната кариера ја градеше и во Саудиска Арабија.