Детали за сообраќајката во која загина младиот фудбалер на Академија Пандев

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа која најверојатно се случила ноќеска на регионалниот пат Банско-село Габрово, струмичко, информираат од МВР.

Според информацијата во несреќата животот го загубиле 26-годишниот Н.С (1991) од село Моноспитово и 15-годишниот Ф.Л. (2002) од село Бориево.

Од МВР соопштуваат дека денеска во 13:30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на овој пат бил пронајден моторцикл излетан од коловозот со две непознати лица кои биле починати.

Увидот се уште трае.