Детали за пожарот во детската болница во Козле

Изгаснат е пожарот што избувна денеска во Детската болница Козле.

Според првичните наоди, пожарот бил предизвикан од краток спој во електричната инсталација во една од бањите.

Децата сместени во тој дел на болницата биле евакуирани.

Нема повредени лица.