Детали за несреќата: Со автомобил влетал во Вардар, младо момче во болница (фото)

Едно лице е повредено откако автомобил „Пежо“ утринава влета во водите на Вардар, кај мостот пред Сарај.

Случаен минувач утринава го пријавил настанот во полицијата велејќи дека забележал автомобил „Пежо“ како влетал во водите на реката непосредно пред мостот кај Сарај.

Повредениот е Н.А. (25) од село Буковиќ кој итно е пренесен во Ургентниот центар, но засега нема информации за карактерот на повредите.