Детали за крвавата тепачка во автобусот на ЈСП во Чаир (видео)

Седумнаесет годишно момче е повредено при тепачка во автобус на ЈСП со број „57“ денес околу 14:30 часот, објави Курир повикувајќи се на МВР.

Според информациите кои полицијата ги соопшти на Курир, на горниот кат во автобусот дошло до тепачка меѓу две групи на   малолетници во која прободен со нож бил 17 годишник.

Повреденото момче е пренесено во Ургентниот центар.

Напаѓачот избегал по крвавиот настан, а од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Видеото можете да го погледнете на СЛЕДНИОВ ЛИНК.