Детали за инцидентот во Сарај: Од возила во движење пукано врз 2 лица, едно повредено

Неколку лица од три патнички возила синоќа во 23.35 минути пукале кон Ш.А и К.А, при што К.А. се здобил со прострелни рана во ногата.

Настанот во полиција синоќа околу 23.35 часот го пријавил Ш.А. според кого на патот од Сарај кон село Љубин лице од село Грчец заедно со други лица со три патнички возила пукале кон пријавителот и кон К.А. кој бил повреден во ногата. По инцидентот напаѓачите избегале кон село Грчец.

Во истото време Б.Љ. пријавил дека на истата локација физички бил нападнат од страна на неколку непознати лица при што се здобил со видливи повреди и е пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.