Детали за драмата во Вардар - жената се фрлила од Камени мост, спасувач се заглавил во цевки

Од водите на Вардар, во центарот на Скопје, попладнево две лица успеаја да спасат 27-годишна жена, која според очевидци, се фрлила во реката пред Камениот мост, пренесува МИА.

При обидот за спасување жената и еден од спасувачите беа заглавени во цевките кои се гледаат во реката.

Потоа во водата влезе уште еден човек кој им помогна да стасаат до едно од островчињата што се создадени во реката, а потоа и трет кој заедно со двајцата спасувачи ја донесе младата жена на брегот на реката Вардар.

Откако беше извадена од водите на Вардар жената со Брза помош беше однесена во ГОБ „8 Септември“.

Полицијата и пожарникарите на местото каде што се случуваше спасувачката драма пристигнаа десетина минути откако жената и двајцата нејзини спасувачи веќе беа на островчето. Пожарникарите беа подготвени доколку има потреба со чамец да влезат и да помогнат во извлекување на младата жена.

Од полицијата информираат дека случајот кај нив бил пријавен во 13:30 часот, и дека кога тие пристигнале на местото на настанот ги затекнале М.А. (27) и нејзиниот татко М.А.