ДЕТАЛИ ОД УБИСТВОТО НА МАТКА: Повреден бил и братот на убиеното момче

Полицијата денеска соопшти повеќе детали околу убиството што се случи вчера околу 15 часот на ул.„1“ пред браната-Долна Матка и раскрсницата со споредниот пат кој води на долниот паркинг.

Настанала меѓусебна расправија помеѓу лицата: А.Е. (18), Џ.С. (18) и уште едно лице на возраст од 16 години сите од с.Шишево, од една страна и од друга страна 16 годишен малолетник од с.Сарај-скопско по што истиот бил физички нападнат. 

За кратко време со скутер дошол неговиот брат кој бил на иста возраст и тогаш настанала меѓусебна тепачка.

„Во еден момент А.Е. извадил нож со кој замавнал и го повредил малолетникот нанесувајќи му посекотина во пределот на левата страна на градите. Потоа А.Е. со ножот го прободел и неговиот брат, кој предходно дошол со скутер, во пределот на десната страна на градниот кош, при што истиот паднал на асфалтот и починал“, се вели во полицискиот билтен.

Од екипа на Итна медицинска помош констатирана била смрт. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје. По наредба на Јавното обвинителство, телото на починатиот е пренесено во Институтот за Судска медицина за обдукција. 

Во полицискара станица Ѓорче Петров приведен е Е.А. за понатамошна постапка. 

Се работи на целосно расчистување на случајот.