Десетгодишно дете се бори за живот во Градската болница во Скопје

Вчера околу 16 часот и 10 минути во село Батинци-скопско се случила сообраќајна незгода во којашто товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски ознаки управувано од 29- годишниот С.Ј од село Цветово-скопско, удрило во 10 годишно дете кое се здобило со тешки телесни повреди констатирани во Градската Општа Болница „Св.Наум Охридски“ и се наоѓа во животна опасност.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје.

Се работи на целосно расчистување на случајот.