Десета традиционална изложба на ловечки кучиња

Македонскиот клуб за ловечка кинологија во Македонија е во подготовка на организација за десетата традиционална изложба на ловечки кучиња. 

Настанот ќе се одржи на 2 април 2017 година (недела) со почеток во 10:00 часот во Општина Карпош, населбата Влае до детското игралиште кај реката Вардар. 

Сеудии кои се предвидени за настанот се познатите Реџо Хаскиќ од Босна и Херцеговина и Габриел Стибел од Македонија. 

Право на учество имаат сите кучиња со педигре. 

Уплатата на котизација за учество е 600 денари и истата треба да се изврши на следната жиро сметка: 

210-0632708701-41  

Депонент: НЛБ Тутунска банка АД Скопје 

Цел на дознака: десета изложба МЛКЛ 2017 

Примач: Македонски клуб за ловна кинологија. 

Пријавувањето може да се изврши и на e-mail:lovnakinologija@t.mk. Пријавувањето треба да се изврши најдоцна до 31 март 2017 година.