Десет пати пониско нивото на реката Сатеска

Десет пати пониско е нивото на реката Сатеска од просекот за април, покажуваат денешните хидролошки мерења. 

Под просекот се нивоата и на останатите реки кај кои се извршени мерењата. Повеќе од двојно се намалени Бабуна кај Богомила, Црн Дрим кај Ложани и Треска кај Македонски Брод. Нивоата на езерата. Охридското, Преспанското и Дојранското, се речиси во рамки на просекот.