Десет основни фитнес совети за да ослабете здраво

Постојат вообичаени правила за тоа како треба да постапувате за да ослабите здраво, без лоши диети и јо – јо ефекти. Пробајте, запомнете и уверете се и самите.

1. Првиот најважен совет е да вежбате редовно. Ова е лесно да се каже, но на многумина им е тешко да го испочитуваат. Бидејќи аеробниот капацитет започнува да се намалува кога ќе пропуштите само 2 недели тренинг, тогаш е јасно дека континуираната рекреација е клуч за успехот.

2. Вториот совет е дека доколку сакате значително да ги загубите масните наслаги, треба покрај кардиоваскуларниот аеробен тренинг да вклучите и тренинг на издржливост. Во што е разликата? Со аеробните тренинзи секојдневно се согоруваат маста, додека тренинзите на издржливост ги одржуваат и зајакнуваат мускулите за да можат тие да се изборат со согорувањето на мастите и во иднина. За најдобри резултати, правете ги двата видови на тренинг 4 пати неделно.

3. Променете го интензитетот на тренинзите. Еден од начините за тоа е кога вежбате вежби на издржливост да го зголемите оптоварувањето на машините. Вториот начин се однесува на трчањето. Не врзувајте тегови за нозете или на рацете, туку го забрзувате темпото на трчање или трчајте по угорница. Секако, овој совет се однесува за оние кои редовно тренираат и кои ги имаат зајакнато своето срце, мускули, коски и лигаменти. Во пракса тоа значи редовно тренирање барем 6 месеци.

4. Иако постојат еден куп совети за тоа како да тренирате, за здравје најдобар совет е да тренирате кога тоа вам ви одговара најмногу. Иако популарно се вели дека утринското трчање е добро за симнување килограми или дека вечерното согорува повеќе калории, трчајте кога на вас ви се трча. Така најдобро ќе го изнајдете својот оптимален термин за спортување и ќе ви премине во навика. И тоа е добро.

5. Доколку сакате да извлечете максимум од своите тренинзи за слабеење, тренирајте со некого. Освен тоа, така е поинтересно и посигурно. Договорете се со некоја пријателка или пријател да се најдете во теретана или на тренинг. И ова нека ви премине во навика.

6. Носете удобна облека за вежбање. Не е многу важно како изгледате додека трчате, и онака потоа ќе одите под туш или во када.

7. Проверувајте го пулсот додека трчате ако имате пулсометар за да видите дали сте во вистинската зона. Правете го тоа на секои 5-10 минути. Ова ќе ви помогне да го задржите интензитетот на трчањето на вистинското ниво, а истовремено ќе знаете кога треба да забавите ако пулсот ви се забрза.

8. За да обезбедите добар тренинг, запомнете ги советите за исхрана. За мускулите да бидат во оптимум потребна ви е добра хидратација. Без оптимално избалансирана исхрана, квалитетот на тренингот ќе биде на пониско ниво.

9. Дишењето треба да ви биде природно, не претерувајте со длабоко дишење, а ко забележите дека сте се задишале, забавете го темпото, за да можете да уживате во тренингот. Бирајте ја локацијата за трчање така што ќе им обезбедите чист воздух на вашите бели дробови.

10. Не треба да верувате во магија и трикови. Без вежбање нема да постигнете добар ефект кој ќе се одрази добро врз вашето здравје. Лошите, брзи популарни диети се најлошото нешто кое можете да му го приредите на својот организам, бидејќи тое ветуваат брзи резултати веднаш, но знајте дека сето тоа е лага. Промените ги навиките од корен и почнете да живеете здрав живот со многу рекреација. Така најдобро ќе ослабнете.