Десет лица повредени на скопските улици

Тринаесет сообраќајни несреќи се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје. Според евиденцијата на СВР Скопје, во пет со полесни телесни повреди се здобиле 10 лица, а во осум е причинета материјална штета.

Вчера од страна на сообраќајната полиција, санкционирани се пет возачи кои поминале на црвено светло на семафор, пет возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано, тројца возачи сториле прекршоци по разни основи, како и девет возачи кои не се придржувале до ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци. Затекнати се и 40 непрописно паркирани возила.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 54 возила.