Десерт за Велигден: Превкусна торта од бела чоколада

Ова е највусната торта од бело чоколадо која можете да ја направите во својот дом, а Велигденските празници се одличен повод за тоа. Таа е неодолива и совршена и за родендени, но и секогаш кога сакате да пробате нешто поинакво.

Состојки

За кората:

15 белки

375 гр. шеќер

375 гр. мелени лешници (можат да бидат и ореви или бадеми)

За фил: 15 жолчки, 15 лажици шеќер, 375 гр. путер, 150 гр. бела чоколада

Начин на подготовка:

Жолчките сварете ги со шеќер на пареа, фино и густо. Не дозволувајте да се залепат за садот, а тоа ќе го избегнете со убаво мешање. Оставете ги да се оладат кога се готови.

Рерната загрејте ја на 200 степени. Во плехче со димензии 26х31 ставете хартија за печење, а потоа и неа премачкајте ја со малку масло. Направете 3 кори, секоја од по 5 белки, 125 гр. шеќер и 125 гр. лешници.

Белките матете ги и малку сол додадете за да станат пенасти, а потоа додадете го шеќерот и матете додека не се згусне смесата. Додајте ги лешниците и мешајте лесно, со потези одоздола нагоре. Припремената смеса ставете ја во подготвениот плех и израмнете убаво. Печете околу 15-20 минути. Кората е убаво печена кога се одвојува од краевите на тавчето.

Така продолжете за сите кори.

Кога жолчките ќе се оладат, изматете го путерот со нив, а чоколадата истопете ја на пареа одделно, а потоа додадете ја во смесата.

Премачкувајте ги корите една по една и на крајот целата торта со истиот фил. Украсете по желба.

Уживајте во убавиот вкус.