Десерт на денот: Баклава со вишни

СОСТОЈКИ:

500 гр кори

3 јајца

300-400 гр вишни

200 гр шеќер

200 гр масло

200 гр кисела павлака

1 прашок за пециво

масло за готвење

НАЧИН НА ГОТВЕЊЕ:

Најпрво подгответе го премазот на следниот начин: Се матат јајцата и шеќерот додека се стопи шеќерот и потоа се додаваат маслото, павлаката и прашокот за пециво.

На подмачкано тавче се редат корите и секоја кора се премачува со премазот (долните со помалку премаз, а погорните со повеќе премаз – повеќе пати се мачка иста кора).

На половина од корите се додаваат вишните, па се продолжува со редење на корите и премазот.

Последните 2 кори се попрскуваат само со маслото (за да бидат крцкави отккао ќе се испечат).

Потоа подгответе го шербетот на следниов начин: ставете во сад да се вари 2-3 шољи (200 гр) вода, со 2-3 шољи (200 гр) шеќер, 1 прашок ванила додека да зоврие.

По печењето, баклавата се прелива/попарува со шербетот.

Наредената баклава се сече на начин по ваш избор и се пече на температура 20-25 минути во претходно загреана рерна на 200 степени.