Дерик Меј ги пофали македонските домати

Светски познатиот диџеј Дерик Меј, кој гостуваше во Скопје, на својот Фејсбук профил објави фотографија на која дава коментар за зеленчукот и овошјето во Македонија.

– 99,9 отсто од вас нема да дојдат во Скопје, но само да знаете дека на уште малку места на светот овошјето и зеленчукот растат додека можат. Дали некој сака домати – забележал Дерик Меј до фотографија со домат, на која за споредба на големината на зеленчукот стиснал тупаница.