Депресијата не треба да биде табу тема – побарајте помош од лекарите

Депресјата е во подем во Македонија. Пациентите најчесто пробуваат да се лекуваат сами, без да бараат помош од стручните лица.

Лекарите се едногласни и апелираат, пациентите кои се сомневаат дека страдаат од депресија треба да побараат помош кај својот матичен лекар и да почнат да разговараат за овој проблем, затоа што депресијата може да се лекува.

Довербата која ја има пациентот во својот матичен лекар е еден од главните услови за рана детекција, препознавање, дијагностицирање и навремено лекување.

Тие исто така апелираат до луѓето дека не треба да се употребува дијазепам во лекувањето на депресијата.