Депресија: А што кога не знаеш што значи да се „биде добар“?

Преубава, паметна, на почетокот од својата кариера. И беше од оние девојки кои сите ги сакаа. И одеднаш – тишина, молк и неверување. Таа си го одзема сопствениот живот. Баш така.

Една девојка престана да сонува за иднината и посака да ја заврши таа трка со смртта. И како во многу случаеви, освен болката и солзите, можете да слушнете милион извици: „Како не забележавме?“, „Немаше знаци дека нешто не е во ред“, „Сѐ беше нормално“. Но, како и секогаш, имаше и од оние кои забележуваа дека таа секогаш била „несфатено дете, кое немало ни среќа, ни цел, ни излез од оваа приказна.“

Излезе дека таа била голем пријател и секогаш била насмејана, но дека сепак се забележувала депресијата, како што рече еден нејзин другар.

Сѐ тоа може да нѐ врати на случајот со Робин Вилијамс, „тажниот кловн“, како што несреќно го нарекуваа, кој ја криел таа пресилна болка дури и од своите најблиски. Депресијата е нешто што Боб Дилан, криејќи ги и самиот своите лоши мисли, најдобро го опишал во една од своите песни: „Ми велат дека сѐ ќе биде во ред, но јас не знам што всушност значи да се „биде во ред“.

Проблемот со депресијата е што сите многу лесно велат „депресивен сум“, затоа што тоа е океј, но кога некому навистина е потребна помош, тоа не се сфаќа сериозно или се стигматизира.

Депресијата не мора секогаш да значи дека „малку сте тажни“. Може да значи и дека не чувствувате ништо. Или дека чувствувате болка од која мислите дека не е возможно да се ослободите. Оние кои највеќе сакаат да умрат се оние кои највеќе би сакале да бидат спасени од сопствените мисли. Депресијата не е знак на слабост, туку знак дека човек предолго бил силен.

Експертите велат дека како општество мораме да помогнеме во развојот на емоционалната писменост, затоа што таа е основа на сите останати. Скршениот поединец мора да има поддршка на експертите и сите луѓе околу себе, за да може да се избори со демонот кој не е опасен за другите, освен за него. Децата многу рано учат како да санираат повредат на прст или гребнатинка, но многумина од нас никогаш не учат како да ги санираат раните на душата.

И на таквите им е потребна огромна поддршка.

nike air max 1 sale