„Денови на пролетта – Денови на екологијата“ во Градскиот парк

ЈП „Паркови и зеленило“ се вклучи во реализација на проектот „Денови на пролетта – Денови на екологијата“ во организација на Град Скопје, а во соработка со ЈП „Комунална хигиена“, Пакомак и УНДП.

Претпријатието обезбеди 23 дрвени тезги-штандови за презентирање на експонатите изработени од рециклиран материјал од страна на изложувачите. Тезгите  се поставени околу бината Школка, каде што на 19 март ќе се изведе пригодна програма со цел подигнување на јавната свест за зачувување на животната средина и сепарирање и рециклирање на отпадот.

Традиционално, претпријатието обезбеди сто цвеќиња од видот виола, кои ќе бидат насадени во близина на бината од страна на членовите на Здружението на лица со интелектуална попреченост „Порака“. ЈП „Паркови и зеленило“, како претпријатие чија основна дејност е одржување и грижа за зеленилото во Град Скопје, секогаш е отворено за поддршка и вклучување во настани и акции за заштита и унапредување на животната средина  и подигнување на свеста на граѓаните за истата.