Денот кога ќе изгубиш еден од своите родители е денот кога мислиш дека губиш сѐ

Оние кои изгубиле родител знаат дека тоа е едно од најтешките нешта низ кои поминува една личност во својот живот. Да добиете повик дека вашиот татко е во болница и дека докторите се борат за неговиот живот или пак да слушнете дека вашата мајка боледува од рак и дека има само неколку месеци од својот живот.

Тоа е огромна болка, бидејќи нашите родители се најзначајниот дел од нашиот живот. Тие се нашиот живот. Таквата информација го крши нашето срце и го скратува нашиот живот за неколку години.

Размислуваме дека ја губиме личноста која нѐ научила да возиме велосипед. Личноста која секое утро ни подготвуваше појадок. Личноста која го местеше нашиот кревет наутро и нѐ бакнуваше за добра ноќ. Оној кој нѐ научи да сакаме некои работи или онаа која нѐ научи да пееме и танцуваме. Личноста која е дел од нашиот живот од самиот почеток и заради која постоиме на овој свет.

Тешко е кога знаеш дека таа личност е онаа на која секогаш и се обраќаше за совет, која ти даваше надеж дури и оние денови кога мислеше дека не можеш да ги преживееш поради скршеното срце и личноста која правеше сѐ за твојата среќа.