Денот Д: Кои ќе бидат новите функционери во владата на Заев?

Премиерот Зоран Заев денеска се очекува до Собранието да го испрати предлогот за новите министри. Собранието за овој предлог ќе расправа наредната недела.

Според последните изјави на премиерот, ќе бидат сменети вкупно 8 министри, заменици министри и 20-тина директори на јавни претпријатија.

,,Не повеќе од осум министри ќе бидат сменети, верувам дека до крајот на неделата ќе можам да ги соопштам имињата на новите, но и на тие што се менуваат. Паралелно со новите министри и заменици следува и разрешување на над 20 директори на јавни институции и ќе се именуваат нови”, изјави Заев пред неколку дена по заседавањето на Централниот одбор на СДСМ во Охрид.

Информациите на Скопје Инфо одат во насока на тоа дека метлата ќе ги фати Министрите за финансии и здравство и тие од економските ресори.  Според најавите на Заев ќе има промени на раководни структури од партијата, но и од други, вклучително и од ДУИ.