Денеска започнува меморијалниот фудбалски турнир „Дарко Брњарчевски“ во Ѓорче Петров

Денеска започнува меморијалниот фудбалски турнир „Дарко Брњарчевски“, во Општина Ѓорче Петров.

Општината го расчистува теренот околу спортското игралиште „Бранители“ во село Волково по повод меморијалниот фудбалски турнир „Дарко Брњарчевски“.

– Се работеше на отстранување на зараснатите тревни површини, кастрење гранки кои ја намалуваа прегледноста на главната улица од сред село се до патот кој води до игралиштето, а веќе се поставуваат и нови трибини за љубителите на малиот фудбал, соопшти општина Ѓорче Петров.

На турнирот, посветен на младиот фудбалер Дарко Брњарчевски, кој го загуби животот во сообраќајна несреќа, ќе настапат 24 екипи. Главен покровител е општината Ѓорче Петров, која ќе додели соодветни награди и признанија за најдобрите.