Денеска сончево време

По котлините во поголемиот дел од денот ќе има појава на магла и ниска облачност, а во останатите делови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до еден степен, а дневната температура од  шест до 12 степени.

Во Скопје ќе биде облачно. Утринската температура ќе достигне до минус еден степен, а дневната температура до шест степени.

Во наредните денови ќе се задржи стабилно време со појава на магла по одделни котлини, особено во претпладневните и вечерните часови. На планинините и на повисоките места ќе провладува сончево време.