Денеска, сончево и топло време

Во Македонија времето е ведро наместа со појава на мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува  слаб до умерен ветер претежно од од северен правец.. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

 Т-мин. од 12 до 20, а т-макс. од 28 до 35 степени.  

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Т-ра 18/ 32 степен. 

Времето во наредните денови ќе биде под влијание на топла воздушна маса од југ и натаму продолжува периодот на топло време, а особено топло се очекува од средината на наредната седмица. Локално во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за изолирана појава на град.