Денеска сончево и топло со температура до 15 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб ветер во југоисточните делови од земјата. По одделни котлини има услови за појава на слаба утринска магла. Температурата ќе се движи од 10 до 15 степени. 

Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб умерен југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 10 степени. 

Следува период на стабилно и суво време, претежно со слаб јужен ветер. Во поголем дел од земјава дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, што ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка.

Од недела ќе има умерена до значителна облачност, а по котлините, вклучувајќи ја и Скопската ќе има појава на магла и ниска облачност, така што дневната температура во овие места ќе остане пониска. Од среда се очекуваат повремени локални врнежи од дожд.