Пред полна сала актерите на МНТ синоќа ја одложија претставата „Ничија земја“.

Целиот актерски тим излезе пред присутните во МНТ и извинувајќи и се на публиката соопшти дека во знак на протест за притворот на нивниот колега Владо Јовановски, претставата нема да се одигра.

По ова публиката беше замолена да ја напушти салата. Јовановски доби притвор во рамките на акцијата за настаните на 27 април во Собранието. Врвниот актер неосновано се обвинува за тероризам од страна на партизираното судство на СДСМ.

Додека неговите колеги се решија на овој чекор, директорот на театарот Драган Спасов-Дац преку својот Фејсбук профил информираше дека сите ќе бидат казнети.

Актерите Сашко Коцев, Никола Ацески, Александар Михајловски, Гораст Цветковски, Александар Микиќ, Славиша Кајевски, Александар Ѓорѓиески, Борче Начев, Оливер Митковски, Камка Тоциновски, Ненад Анѓелковиќ, Стефан Спасов, Григор Јовановски, Кристина Гиева, Филип Миленкоски, Александар Иваноски, Марија Кондовска и Томе Станковски, излегле на сцената, и ѝ се извиниле на публиката дека ја откажуваат претставата во знак на протест за притворот за колегата Јовановски.

Во Македонскиот народен театар денеска е закажана прес-конфереција на министерот за култура Роберт Алаѓозовски, неговиот заменик Владимир Лазовски и раководството на театарот поради прокиснувањето на објектот од дождот.

Сепак, се очекува една од главните теми на конференцијата да биде откажувањето на синоќешната претстава „Ничија земја“ од страна на актерите во знак на протест за нивниот колега Владо Јовановски кому Кривичниот суд вчера попладне му одреди 30-дневен притвор за настаните во Собранието од 27 април.