Денеска претпладне сонце, попладне дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала доумерена облачност, а во попладневните часови ќе има локален дожд, кој повремено ќе биде пороен со ретки грмежи, особено во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Во Скопје дневната температура ќе достигне до 24 Целзиусови степени, Крива Паланка 21, Маврово 16, Охрид 19, Битола 22, Кавадарци 24, Берово 20, Дојран 25...

Утре времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, а кон крајот на денот и во текот на ноќта на планините со повремен снег. Ќе дува и умерен, во западните делови повремено засилен западен ветер. Дневната температура ќе се движи од 15 до 22 степени.

И во понеделник ќе има врнежи од дожд и ниски дневни температури од 7 до 13 степени, а од вторник врнежите ќе престанат, а дневните температури ќе се движат во интервал од 10 до 16 степени.