Денеска последен број на весниците Утрински и Вест

По 18 години „Утрински весник“ денеска ќе го издаде својот последен број, а денеска згаснува и весникот Вест.

 Во редакцијата на дневниот весник Утрински во вторникот, пристигала наредба од менаџментот за ден-два да ја напуштат сегашната локација во ТЦ„Зебра“ и да ги преселат опремата и канцеларискиот мебел во дирекцијата на „Технометал“ каде и претходно беше сместена редакцијата на овој весник.

Причина за затворањето на медиумите е лошата финансиска состојба на компанијата.. Ќе продолжат да работат како веб-портали.