Денеска паркиралиштата со кои стопанисува ПОЦ ќе бидат бесплатни

По повод државниот празник „Св. Кирил и Методиј“ (Ден на сесловенските просветители) денеска (петок) паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат бесплатни за сите граѓани на РСМ.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 25.05.2019 година (сабота) со вообичаено работно време.