Денеска нови врнежи од снег, температурите под нулата

Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Претпладнето се уште ќе има повремени врнежи од снег во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 7 до 2, а дневната од 2 до 10 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.  Утринската температура ќе се спушти до минус 1, а дневната ќе достигне до 7 степени.

До сабота утринските температури во поголем дел од земјава ќе се спуштаат под нула, но се очекува на места да се задржи снежната покривка. За време на викендот ќе има локален дожд.