Денеска магла и минусни температури, од утре се најавува првиот снег

Сончево со умерена облачност и со утринска магла по одделни котлини ќе биде времето денес. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од -5 до 0, додека максималната дневна ќе се движи во интервал од 5 до 12 степени.Во Скопје слично време со минимална температура од -2 степени, а максимална до 8.

За утрешниот ден УХМР најавува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините со повремен снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите кон крајот на денот ќе преминуваат во снег и на повисоките места во северните делови. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.

Утринските температури ќе се движат од -1 до 6 степени, а дневните ќе достигнат максимални 10 степени.