Денеска ќе биде претежно сончево време - детална временска прогноза

Денеска ќе биде претежно сончево со локална облачност и со услови за појава на утринска магла по котлините.

Потоа ќе преовладува променливо и врнежливо време.

Од ноќта кон вторник од запад ќе започнат врнежи од дожд, кои на планините ќе бидат од снег.

Од вторник кон крајот на денот на запад и на север дождот ќе поминува во снег и на повисоките места.

Овие врнежи повремено ќе се поинтензивни (над 25 л/м2) особено во западните делови и на југ.