Денеска и утре Водно затворено за сообраќај

Важна информација ако викендов сакавте да го посетите Водно.

Поради  ридскот натпревар во автомобилизам, што се одржува денеска и утре на Водно, СВР Скопје ќе воспостави посебен сообраќаен режим за движење на возила и пешаци.

 За денеска е предвидено одржувањето на официјалниот тренинг, како и утре, во периодот од девет до 16 часот,кога ќе биде затворен за сообраќај локалниот пат од комплексот станбени објекти „Скала" кон Средно Водно, соопшти Министерството за внатрешни работи.