Денеска и утре прскање против комарци

Град Скопје соопшти дека денеска ќе почне со прскање против ларви од комарци и возрасни форми од комарци на подрачјето на градот.

Во согласност со известувањето, авионската дезинсекција ќе почне во текот на денешниот ден и ќе продолжи и утре, а терестичната дезинсекција на подрачјето на град Скопје ќе почне в недела и ќе заврши најдоцна до 20 септември.

Градот соопшти дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекција, таа ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни во истиот термин.

Истовремено, се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.