Денеска е најдобриот вторник во годината

Овој вторник е свет или воскресен, вториот ден по Велигден, кога продолжува славењето на најголемиот христијански празник. Тој се слави и во црквите и во домовите исто како и неделата и понеделникот. Единствено што треба да почитуваат верниците овие три дена е тоа, да се радуваат и да шират радост.

Овој вторник во народните верувања е најдобриот вторник во годината. Во некои села се прават свадби, зашто се верува дека така ќе им се пренесе на младите благодатта.

Според народните верувања на овој ден не треба ништо да се работи.

Се верува ако дете се роди на овој ден, ќе биде среќно и долговечно.

Добро е денеска да се тргне на пат.