Денес сончево и топло, од утре големи промени на температурата

Денеска времето во целата земја ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен и југозападен правец.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 22 Целзиусови степени, Маврово 14, Охрид 17, Битола 22, Кавадарци 23, Крива Паланка 19, Берово 18, Дојран 25 степени.

Утре во текот на денот ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Попладне облачноста ќе се зголеми и во вечерните часови ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.

Од вторник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 5 до12 степени.