Денес сончево и студено, од утре следат големи промени

Времето во Македонија во утринските часови ќе биде претежно ведро и студено, а преку целиот ден сончево со мала облачност. Утринската температура ќе се движи од минус шест до четири, а дневната од три до 13 степени.

Идентично ќе биде и во Скопје каде ќе дува и умерен ветер од северен правец. Утринската температура во некои места се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до шест степени.

Во понеделник времето ќе биде променливо облачно со услови за појава на утринска магла, а во вторник ќе има врнежи од дожд кои особено во северните делови и на повисоките места ќе поминуваат во снег.