Денес сончево и многу топлo, следува период на нагло опаѓање на температурите

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло. Во попладневните часови во северните делови од земјата ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен дожд и ретки грмежи.

Дневната температура ќе се движи од 31 до 39 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе има вредност 9. Во Скопје слично време, сончево и топло со дневна температура до 38 степени.До вторник дневната температура ќе биде во секојдневен пораст и во голем дел од земјата температурата ќе надминува 35 степени, а на југоистокот ќе достигнува и 40 степени. УВ-индексот ќе има многу висока вредност 9.

Од вторник се очекува промена на временската состојба кога во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во северните делови. Дневната температура, почнувајќи од запад ќе биде во опаѓање, кое ќе продолжи и во наредните два дена.