Денес се одбележува Светскиот ден на биолошка разновидност

Во земјава денеска се одбележува Светскиот ден на биолошка разновидност. На одбележувањето ќе се обрати министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки.

Ќе бидат промовирани двата најзначајни национални документа во областа природа – Националната стратегија за заштита на природата со Акциски план (2017-2027) и Националната стратегија за биолошка разновидност (2018-2023).

Орагнизатори на настанот се Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Програмата на ООН за животна средина – Канцеларија во Скопје, Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ, Програмата за зачувување на природата и Швајцарската агенција за развој и соработка.