Денес протест пред Влада против аерозагадувањето

Денеска во 12 часот, пред Владата ќе биде организиран протест против загадениот воздух, од граѓани кои повикуваат на масовност преку социјалните мрежи.

„Британската влада во 2.000-та ни подарила согорувач за медицински отпад, кој не ги задоволува ЕУ-стандардите и не дава заштита од отровите при согорувањето. Овој согорувач не ги филтрира гасовите и токсините кои предизвикуваат рак и многубројни други нарушувања“, се вели во повикот за протестот на социјалната мрежа Фејсбук.