Денес променливо облачно и студено, од утре следат промени

Викендов, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ветерот од северен правец полека ќе ја намалува својата брзина.

Наутро ќе биде доста студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од-10 до -2 степени, понекаде истите ќе се спуштаат и до -13 степени. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени.

Пораст на температурите на воздухот ќе има на почетокот од следната недела, во најтоплите предели тогаш максималните дневни температури се очекува да се искачат и до околу 15 степени. Во пораст се очекува да бидат и минималните температури на воздухот.

Подготви: Славчо Попоски