Денес променливо облачно и дождливо, од понеделник голем пад на температурите

Времето денеска ќе биде променливо облачно, кон крајот на денот, најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во другите делови од земјата, ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во источните делови повремено засилен јужен и југоисточен ветер. Минималните температури ќе се движат од 3 до 10, а максималните од 19 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 6 до 20 степени.

До понеделник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 л/м2), проследени со грмежи, ветер и услови за појава на град. Во вторник, поради спуштање постудена воздушна маса, ќе дува засилен северозападен ветер, што ќе предизвика позначително опаѓање на температурите и ќе има услови за слаб снег на повисоките планини.