Денес постојат некои нови правила за воспитување и сакање на децата, како ние да не ги воспитувавме и сакавме нашите деца

Пред некој ден читав некакви правила за тоа како да се воспитува дете во денешниот свет, а потоа ми текна на една стара пријателка со која се сретнав пред некој ден.

И баш ги дискутиравме тие правила и тогаш таа рече:

„Ова денес се е полудено, ама изгледа дека јас сум најлуда. Има ли некој кој не го сака своет одете? Нема никој таков, ама ете денес има некои нови правила за воспитување и љубов, па излегува дека ние нашите деца ниту сме ги воспитувале, ниту сме ги сакале. Како тогаш станаа луѓе и тоа чесни луѓе? И што и да кажам сега, ќе излезе дека не си ја сакам снаата. А ја сакам, но ние не само што сме два различни света, туку 100 различни света. Јас воспитав шест здрави и прави деца и на ниту едно од нив не им фалеше влакно. А денес цело време се создаваат некакви правила, а памет никаде нема.

Јас моите ги доев додека имав млеко и само ги спуштав на кревет и потоа се фаќав за работа, а постојано имаше нешто за работа. Нахрани ги, облечи ги во чисто и избркај ги надвор нека скокаат додека ти правиш ручек. Потоа ти доаѓаат цели во прашина и искинати од качување по дрвата. Им даваш топка и цел ден играат во двор. Јас седев и им измислував игри. Сами се забавуваа. А немаа ни играчки. Ќе најдеа некоја кутија, па си смислуваа игри се додека едно од нив не заплаче. Ако се скараат ги оставаш да се караат и самите да се смират. Нема што јас да се мешам во нивните будалаштини. Мораат самите да се научат и да водат и да бидат водени.

Знаев каде им е училиштето и која смена се таа недела. Ниту ги водев, ниту ги пишував домашните со нив. Ако не знаат нешто ќе прашаат, па ти ќе им објасниш. Овие денес само седат и зјапаат во нив откако ќе се родат. Дали трепнало или кивнало. Не смее ни да заплаче, одма некаква паника: „Што му е, како му е, зошто му е?“ А што да му  биде? Децата отсекогаш плачеле, а и мораат да плачат за да развијат белите дробови. Нема дете кое немало грчеви во стомакот. Малку камилица и ќе му пројде.

Овие денес се такви што ти доаѓа да се запрашаш какво школо завршиле и по кој пат го изгубиле паметот. Излегува дека јас сум од камено време. Вели дека детето не смее да пие вода, не треба камилица, само некои модерни чаеви, не смее да седи, не смее во дубаче, не смее ова, не смее она. Па купи му количка голема како вселенски брод, па носи го по игротеки, па дај му мобилен да игра игрици. Не смее ни да потрча, а не дај Боже да се извалка. 10 дена се замараат каде ќе му слават роденден, па кој ќе канат, кој ќе дојде и слично.  Па сликај го вака, па сликај го оака. Па играј нови игри, па купувај играчки.

Цело време се вртка околу него и затоа не ни успева да направи нешто друго. Не смее никој попреку да го погледне детето и цел свет се врти околу него. Па однеси го, па земи го од улилиште. Па упиши го на музичко, па на овој спорт, па на оној спорт. Па не чини учителката, па не чини тренерот. Па ете никој не чини.

Драга жено се однесуваш како да си на норма. И ако на некоја и кажеш да се опушти, се однесува како ти никогаш да не си раѓала или воспитувала. Е драга, да се однесував јас така со секое, немаше да ми остане здрав разум. Ама најубаво е да си молчиш и да оставиш се ненормално да си биде нормално, затоа што ние од камено доба не ги разбираме новите правила.

А жал ми е, сакам да си ги видам внучињата, а нив ги мрзи да ми ги донесат да ги видам...