Денес одлучив дека ќе престанам да те чекам...

Овие денови не ми паѓаш толку често на ум. Болката поради која не можев да станам од кревет некако исчезна. Кога ми кажа дека се надеваш дека ќе можеме да останеме пријатели, длабоко во себе знаев дека секогаш ќе сакам нешто повеќе доколку останеш во мојот живот.

Сега мислам дека го можам тоа и дека заслужувам да имам некој кој се труди да остане покрај мене, без оглед на сѐ. Покрај тоа што се заљубив во тебе повеќе од кога било во мојот живот, се обидувам да ти кажам дека најдобро е да продолжам со мојот живот и да се оддалечам од тебе. 

На крајот на краиштата, надежта е единственото нешто што ми ја одржува фантазијата, сонот дека некогаш ние повторно ќе бидеме ние. Истовремено, ти си сон кој веќе ми се оствари. Ми покажа дека постојат луѓе кои го гледаат светот на ист начин како и јас, кои слушаат и кои сакаат како да нема утре. 

Ми ги отвори очите за еден нов свет кој е позитивен и полн со задоволства. Благодарејќи на тебе одново почнав да го ценам времето. Ти беше моето чудо во време кога веќе бев на работ да се откажам од сѐ. 

Во право беше кога ми рече дека треба да бидам благодарна. Се надевам дека ќе ми поверуваш кога ќе ти се заблагодарам затоа што направи повторно да се чувствувам целосна. 

Сега се откажувам од тебе. Знам дека си среќен онаму каде што си, секогаш беше таква личност. Се надевам дека и јас наскоро ќе живеам среќен живот. 

Но, кога ќе дојде до тоа случајно да се сретнеме или ако некогаш ми затропаш на врата, можеби ќе одлучам повторно да те пуштам во мојот живот.

Сепак, денес одлучив да престанам да те чекам.