Денес не е модерно да се биде чесен

Моите родители ме научија дека не треба да ветуваш нешто што не може да се исполни, дека дадениот збор е светост, а моралот и чесноста го чуваат образот.

Дојде време каде не е модерно да се биде чесен, се мериме според автомобилите и парите. Секој човек треба да се почитува, без оглед на тоа кој е, од каде доаѓа, неговиот верски и политички статус, дали е богат или сиромашен најважна е неговата душа.

Чудно, жените се ценат според големината на атрибутите, се објавуваат провокативни слики на социјалните мрежи, зарем нема некој да ви каже дека тоа не чини, утре ќе бидете сопругимајки, зарем не се грижите за вашето дете? Ве гледаат илјадници луѓе.

Сѐ се купува и се продава, зборовите некогаш знаат да измамат, но делата и постапките никогаш не лажат.