Денес на мени: Здрав и брз, хроно ручек

Еве ги состојките, како и начинот на кој ќе го приготвите:

СОСТОЈКИ:

150 гр пилешки стек

1 главица кромид

1 тиквичка или брокула

сол

бибер

маслиново масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Се сече ситно кромидот и се става во тава со маслиново масло да се пропржи. Додадете сол и бибер, па белото месо исечено на парчиња.

Потоа се ставаат зачини по избор.

Пред да го тргнете месото се додаваат и коцки тиквичка или ситни парчиња брокула.

Нека се крчка 10 минути, па послужете.