Денес би можел да направам сѐ, затоа што денес е добар ден...

Денес

Денес би можел...
да те сакам како вчера,
како утре,
како секој ден. 

Денес би можел...
да отидам далеку... многу подалеку
отколку времето,
многу подалеку од досегот на очите.

Денес би можел
да подадам рака
низ крстозборот на збунетото срце
и за среќа да ја допрам златната рипка. 

Денес конечно би можел
да се разбудам среќен,
кога веќе тебе те сонував
и твоите усни ги бакнував во сон!

Денес би можел да направам сѐ,
затоа што денес е добар ден:
за херојски живот со обично темпо,
за љубов и по некој бакнеж,
што таму некаде, некој ветер
го сместува на твоето чело,
скришум минувајќи помеѓу завесите,
носен од мојата желба...
и сребрената лента на месецот.

                           Хорхе Луис Борхес