Ден за ракометна историја: Македонскиот ракометен првак денес против Барселона во полуфиналето на ЛШ

Дојде времето најдобрите ракометни тимови во Европа да ги одмерат силите на фајнлфор турнирот во Лигата на шампионите. За титулата клупски шампион во Келн ќе играат македонскиот шампион Вардар, деветкартниот првак Барселона, унгарски Веспрем и најбогатиот клуб во светот францускиот ПСЖ.

Вардар вечерва во второто полуфинале (18.00 ч.) ќе ги одмери силите со Барселона, а претходно од (15.15 ч) ќе играат ПСЖ и Веспрем.

-Нема фаворити на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Кој можеше да замисли дека минатата година титулата ќе ја освои Киелце. Сите екипи имаат подеднакви шанси да се закитат со трофејот. Одлучуваат нијанси, концентрацијата, смиреноста, ладна глава. Нашите најсилни адути се одличните голмани, гранитната одбрана и головите од контра, нешто што функционираше цела сезона, а не гледам зошто тоа да не биде така и во Келн. За Барселона не треба да се трошат зборови. Но, во дуелот со нив ќе влеземе без страв, одлучни да победиме и затоа ќе се бориме до последните атоми на сила за да играме финале, изјави десното крило на „црвено–црните”, Иван Чупиќ.

Со хрватскиот интернационалец се сложи и најискусниот во екипата на Раул Гонзалез, голманот Арпад Штербик.

-Цела сезона сонуваме за фајналфор турнирот. Нормално и работевме напорно за да стигнеме до тука. Сега кога добивме можност да се бориме за титулата ќе направиме се што е во наша можност да ја освоиме. Ние сме прв пат на завршниот турнир во ЛШ, не сме фаворити на хартија, но ове кои се ќе треба да не убедат во тоа, изјави голманот на Вардар, Арпад Штербик.

Вардар е десеткратен шампион на Македонија, 12 пати го освојуваше пехарот во Купот на Македонија, актуелен шампион е ов СЕХА лига, го освои третото место во КПК во 1999 година и четвртото во 2005 и 2011 година.